Здраво тело

Високиот крвен притисок е поврзан со појава на рак

Луѓето кои боледуваат од висок крвен притисок имаат 10 до 20% поголем ризик од заболување и смрт од рак отколку останатите – открило истражувањето на универзитетот Лондон спроведено врз повеќе од 600.000 луѓе. Ризикот е подеднаков и за мажите и за жените, а научниците веруваат дека нездравиот начин на живот кој вклучува пушење, пиење алкохол и претерана тежина го следи високиот крвен притисок и е предизвикувач на разни болести.

Кај мажите зголемениот крвен притисок најчесто се поврзува со ризикот од рак на устата, грлото, белите дробови, бешиката и бубрезите, како и со меланомот, додека кај жените со ракот на црниот дроб и грлото на матката.

„Иако крвиот притисок не предизвикува рак, утврдивме дека карциномот сепак повеќе се појавува кај луѓето со висок крвен притисок. Применувањето на здравите животни навики може да го намали ризикот и од притисокот и од ракот“ – истакнува водителот на истражувањето, д-р Мајк ван Хемелријк.

Write A Comment