Мода

Инспирација за топлите денови – 2 бои ќе го одбележат лето 2016

Пастелните бои се хит и оваа пролетна сезона и воопшто нема да згрешите доколку од глава до пети се облечете во овие нијанси.

Според компанијата „Pantone“, но и според социјалните мрежи, бојата на ведро небо и розов кварц ќе бидат водечки нијанси за оваа летна сезона. Тие беа во центарот на вниманието на модните писти во колекциите за пролет-лето 2016, па сега е вистинскиот момент да ги внесеме и ние во нашите комбинации. Тие изгледаат убаво на преубавите летни фустани, здолништа, блузи, маици и сандали, но можеме да ги најдеме и на патиките кои оваа сезона се вратија на голема врата како во каталозите, така и на асфалтот.

Боја на розовиот кварц

Боја на ведро небо

 

Write A Comment