Мода

Рачниот часовник како моден додаток

Рачните часовници веќе одамна се нешто повеќе од ствар која го покажува само точното време. Нивната нова улога е да бидат моден додаток и симбол на престижот. Да би го на вистински начин вклопиле во својот стил да би го постигнале саканиот ефект, потребно е да следете неколку правила.

Дневна варијанта

Изборот на часовник за дневната варијанта најмногу зависи од вашиот личен стил. Можете да изберете часовник со убава и елегантна алка, но не премногу забележителна. Моментално во мода се пластичните часовници во разни бои кои се совршен избор за дневната варијанта. Исто така можете да изберете и часовник со метална машка алка.

Часовници за на работа

При изборот на часовници за на работа, треба да водите сметка часовникот да биде дискретен и да не привлекува многу внимание. Важно е добро да се вклопува со гардеробата која на носете и со останатиот накит. Понекогаш часовникот е сосем доволен додаток.

Часовници за ноќни излегувања

Кога одбирате часовник за вечерни излегувања, овде можете да си допуштите слобода и да си изберете часовник со циркони, кои совршено ќе прилега на елегантната гардероба и високите потпетици. Исто така часовникот можете да го комбинирате и со останатиот накит кој ова сезона се носи во изобилство.

Ако сте личност која не сака премногу накит и се љубители на поедноставен стил, за вас идеален избор е едноставен часовник со кожна алка, или едноставен метален часовник со обична округла алка.

Write A Comment