Понекогаш старите работи може да завршат голема работа. Така на пример доколку ви се наоѓаат стари фиоки, од нив може да направите интересни нови, шарени фиоки кои освен тоа што ќе внесат свежина во домот воедно и ќе ви ги соберат сите ситници по домот.
За да ги направите фиоките како нови, потребен ви е спреј во вашата омилена боја и фолија за стакло.
Најпрво испрскајте ги фиоките. Одозгора залепете ги фолиите кои претходно ги исековте според димениите на самите фиоки. Рачките обојте ги во друга боја. Ќе бидете изнендени од ефектот.

