За да се ослободите од вишокот килограми не ви треба строга диета. Доволно е само да се придржувате до овие правила и ефектот ќе биде загарантиран.
Одма на водена терапија
Ако во организмот не внесувате доволно вода, метаболизмот е за два до три пати поспор. Затоа пијте доволно течности, особено вода. Почнете од утрото, уште на празен стомак е добро да се напиете една чаша вода, затоа што е добро за варењето на храната. Еднаш неделно приуштете си солена купка, така што во када полна со тола вода ќе ставите половина килограм сол и ќе се опуштите 15 мин. На тој начин се разградуваат наталожените штетни материи.
Направете чај за слабеење
Во продавниците имате голем избор на чаеви за слабеење, а ние ви го препорачуваме зелениот чај. Тој ги топи мастите и ефикасно ги согорува калориите.
Одвојте ги јагленохидратите од мастите
Тестенините и компирот јадете ги со посна риба или сос од домати. Сосот од павлака избегнувајте го кога јадете компир, ориз, леб или тестенини. Организмот најпрво ги троши јаглехидратите, а мастите ги скалдира во ќелиите. Затоа не ги јадете во комбинација, ќе имате куп наталожени маснотии на задникот и колковите.
Зачинете го секое јадење
Зачините како што се ѓумбир, лук или цимет имаат загревачко дејство кое е важно за зголемена циркулација, а со тоа и побрзо топење на масните наслаги.
Пијте сок од брусница
Истражувањата покажале дека сокот од брусница содржи голема количина на состојки кои ги разградуваат маснотиите, освен тоа е богат извор на витамини и минерали.
Грицкајте ленено семе
Најубаво е наутро да ставите две лажици од овие еменки да отстојат во чаша јогурт. Оставете ги да набабрат. На овој начин ќе го забрзате процесот на претварање на мастите во енергија.
