Дестинации

Jerihon ( Jericho ) – најстариот град на светот

Освен што е најстар, Jerihon е и најнизок град на светот, бидејќи се наоѓа на надморска височина од 258 метри под нивото на морето. Популарната туристичка атракција и мета на љубопитните туристи, претставува место кое со своето постоење сведочи за настанокот на народите и цивилизациите, но и за нивното исчезнување.

Најстариот населен град на светот е  Jerihon. Овој древен град припаѓа на територијата на Палестина, изграден е на реката Јордан и тоа 9.000 години п.н.е. Jerihon се спомнува и во Стариот Завет и во Новиот Завет под името „градот на палмите“ , а со археолошките ископувања, овде се откриени преку 20 населби од која најстарата датира  околу 9.000 години п.н.е. Градот бил опкружен со ѕид со кули и тука живееле околу 1.500 жители, а денес ова место го населуваат околу 20.000 луѓе.

Бројните истражувања и ископувања кои се изведуваат од 1968 година откриваат дека ѕидините на градот се подигнати во 5 милениум п.н.е. , дека постојано настанувале нови населби и дека постојат урнатини од различни епохи. Низ периодот кој датира дури од пред Библијата,ова место било повеќе пати рушено и обновувано. Евреите го земале од Ханан, во периодот на освојувањето на Палестина, а Римјаните го уништиле во  68 година од новата ера. Археолошките ископувања покажале колиби, куќи, објекти, гробници, керамика, дрвен мебел, кутии украсени со мозаици, кои сведочат за луѓето кои живееле тука ( Номади и Хананци), а и докажуваат дека Jerihon бил цивилизирана и урбана средина во своето време и главна тврдина со стратешко значење. Денешниот град Jerihon се наоѓа во близина на урнатините на тврдината. Погледнете ја репортажата за најстариот град на светот…

Write A Comment