Motherhood

Таблетите, паметните телфони и спиењето на децата

Кога ќе дојде време за спиење, за многу родители тогаш почнува права ноќна мора. Одбивање на одење во кревет, викање, плачење се само некои од проблемите со кои се среќаваат изморените родители. Нажалост, често се несвесни за вистинската причина. А тоа се светлите екрани.

Се поприсутните таблети и паметни телефони станаа детска омилена забава која има свои лоши страни. Односно, тие се интерактивни и децата едноставно е невозможно да се оттргнат од омилените ликови или игри. Другиот проблем е поврзан со близината на лицата до екранот. Поради светлото на екранот, центарот во окото не праќа информации до мозокот дека е време за спиење и нема продукција на мелатонин, односно нашата природна таблета за спиење. А не помалку важен факт, е дека тие произведуваат и звуци и кога не се користат. Сетете се само кога ве разбудила порака таман кога сте задремале и потоа сте се допишувале со часови.

Сето тоа причинува децата да не бидат поспани кога е време за спиење, туку се узбудени и разиграни. Нивниот мозок едноставно нема добиено информација дека е време за спиење. Така денес, децата во доба од 6-10 години спијат отприлика 9 часови, на возрст од 11 години околу 8 часови, додека адолесцентите спијат само 7 часа. Иако тоа е повеќе од тоа колку што спијат возрасните, за децата е премалку. Американската национална фондација Sleep смета дека децата на возраст измеѓу 6 до 10 години би требало да спијат околу 11 часови, а над 10 години околу 9 часа. Причината зошто е толку важно децата да бидат наспиени е во тоа што недостатокот на сон влијае на нивното здравје и развој. Децата кои не спијат доволно, имаат проблеми со тежината, склони се на болести, имаат психофизички проблеми и неуспеси на училиште.

Она што родителите можат да го направат за да го подобрат спиењето на своите разиграни малечки е да создадат правилна рутина пред спиењето. Тоа пред се се однесува на помирна игра и пригушени светла, отприлика час до два пред спиење. Исто, треба да се ограничи користењето на таблети и телефони, а одењето на спиење треба да биде во исто време. Но, не треба да се заборави нити правилната рутина за спиење на родителите. Децата учат од родителите, па и кога е во прашање спиењето.

Write A Comment