Мојата кујна

Палачинки со пилешко

Сварете го пилешкото месо и исецкајте го на ситни коцки. Обарете моркови и грашок. Потоа измешајте ги со мајонез, павлака и сецкани кисели краставички. Со овој фил наполнете ги палачинките и свиткајте ги. Извалкајте ги во јајца и презла и ставете ги во загреано масло да се испржат.

Потребни состојки:

2 пилешки стека

250 гр грашок

120 гр мајонез

2 дл павлака

2 кисели краставички

1 морков

презла

сол и бибер

 

Write A Comment