Мојата кујна

Пилешко во сос од сенф

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 супени лажици брашно

2 супени лажици путер

4 пилешки гради

75 мл бело вино или супа од кокошка (коцка)

3,5 супени лажици Сенф

250 мл павлака за готвење

2 супени лажици свежа мајчина душица (или естрагон)

сол и црн пипер (по вкус)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во чинија измешајте го брашното со сол и црн пипер. Тргнете настрана половина кафена лажичка од смесата.

Убаво измачкајте ги пилешките гради во смесата и истресете го вишокот. Во тавче за пржење растопете го путерот на средна температура и пржете го пилешкото околу 10-15 минути додека не омекне и не стане златесто однадвор. Тргнете го и чувајте го на топло.

Во истото тавче ставете ја половината лажичка брашно и пржете околу 30 секунди со мешање. Потоа додадете го виното или супата и варете се додека виното скоро сосема не испари.

Додадете го сенфот и павлаката, а потоа и исечканата мајчина душичка или друг зачин. Зачинете со сол и црн пипер.

Ставете го пилешкото во чинија за послужување и оозгора посипете го со сосот. Послужете со варен зеленчук, ориз, или пире.

Write A Comment