Мојата кујна

Вкусни ледени коцки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Кора
–    5 јајца
–    5 лажици шеќер
–    5 лажици брашно
–    1,5 лажица какао

Сируп
–    250 гр. шеќер
–    350 мл. вода

Фил
–    500 мл. млеко плус 100 мл. за да се размати брашното и шеќерот
–    9 лажици шеќер
–    9 лажици брашно
–    250 гр. маргарин или путер
–    3 кесички ванилин шеќер

Прелив
–    100 гр. млечно чоколадо
–    3 лажици масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете 5 јајца, 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно, додадете 1,5 лажица какао. Ставете ја добиената смеса во подмачкана соодветна тава и печете на 200 степени околу 20 минути.
Направете го сирупот од 350 мл. вода и 250 гр. шеќер, ставете го на оган да зоврие и потоа оставете да се олади. Прелијте ја кората со оладениот сируп.
Сварете 500 мл. млеко со 3 лажици шеќер, а посебно во 100 мл. млеко растопете 6 лажици шеќер и 6 лажици брашно. Оваа смеса сипете ја во зовриеното млеко и варете 2-3 минути.
Изматете 250 гр. путер со 3 кесички ванилин шеќер и измешајте ја добиената смеса со претходно направениот крем од млеко.
Растопете 100 гр. млечно чоколадо со 3 лажици масло и прелијте го преку филот.
Ставете ја тавата во фрижидер да се излади. Кога ќе се излади исечете на коцки.
Во изладениот фил можете да додадете и овошје – јагоди, вишни, малини, или некое сушено овошје, по ваш вкус.

 

Write A Comment