Можност да забремените постои речиси во секој ден од менструалниот циклус. Сигурните денови се илузија, а не контрацепција.
Истражувањето кое опфати жени на возраст од 25 до 25 години, кога менструалниот циклус е најредовен и плодноста е најголема, покажа дека се плодни, односно дека сигурните денови биле нередовни и непредвидливи, особено кај тинејџерките и кај жените кои се блиску до менопаузата.
Во истражувањето учествувале 213 здрави жени од Северна Каролина, а плодноста е набљудувана на речиси 700 циклуси, пишува интернет страната „Intimate Medicine“.
И кај жените со редовен циклус почетокот на овулацијата бил прилично непредвидлив. Нивната урина се тестирала секојдневно во однос на висината на содржината на хормоните естроген и прогестерон.
Наглата промена на нивото на тие хормони значи почеток на овулацијата.
Резултатите од истражувањето, научниците од Националниот институт за здраствени студии, ги објавија во магазинот „British Medical Journal“.
Дури и денот кога жената ја очекува менструацијата е потенцијално плоден. Затоа, ако не сакате да забремените, не се потпирајте само на плодните денови.
Плодните денови кај 2% од жените почнуваат пред четвртиот ден од циклусот, а кај 17% од жените пред седмиот ден.
Повеќе од 70% од жените биле плодни и пред десетиот и по седумнаесетиот ден од менструалниот циклус.
Жените, кои тврделе дека имаат многу редовен циклус, имале до 6% можност дека денот кога ја очекуваат менструацијата, да им биде плоден.
Затоа докторите им советуваат на паровите кои сакаат дете да не се потпираат на плодните денови, туку да имаат редовни сексуални односи без контрацепциски средства, барем три пати неделно.
