За повеќето жени, раѓањето на детето подразбира дека на сериозната кариера треба да и кажат збогум. Едноставно, без разлика колку и да се трудат, нивните шефови најчесто не сакаат да им дадат одговорна функција, од страв (или подобро кажано од предрасуди) дека мајчинството секогаш ќе им биде на прво место.
Меѓутоа, од моментот кога ќе станат татковци, кариерата на мажите оди нагоре. Верувале или не, без разлика со што се занимаваат, дури 74 проценти од татковците добиваат унапредување или покачување, бидејќи се верува дека сега кога имаат семејство, ќе го дуплираат својот труд на работа.
Според истражувањето на британската компанија “ISC”, спроведена на повеќе од 4600 вработени, татковците се во предност над жените и мажите кои немаат деца. Само 46 проценти од мажите без деца имаат шанси за унапредување.
Како и да е, на жените во ниту еден случај не им е лесно. Само околу 57 проценти од мајките во својот живот добиваат унапредување, и тоа во просек околу пет пати во текот на работниот век, а истата среќа ја имаат само 51 процент од дамитѕе без деца.
-Откако ќе добијат деца, општеството на мажите гледа како на хранители на семејството, па надредените ги сметаат за поодговорни и им обезбедуваат повеќе можности за унапредување – објаснува психологот Рејчел Шорт.
