Омилената сезона за модни експериментирања е во тек. Пролетта, заедно со променливото време, ни нуди многу можности за различни аутфити. Комбинирајте ги вашите летни и зимски парчиња, џемпери со кратки панталони, палта со сандали, а надополнете го сето ова со голема шарена марама. Не плашете се и да си играте со бои, дезени и принтови. Оваа пролет, нека улицата биде вашата модна писта!

























