Италијански дизајнер реши да смисли радикален концепт кој цели кон тоа да ги подигне суперјахтите на ново ниво – ако некој е доволно храбар да изгради една за богатите тајкуни.
Со кула која го содржи главниот апартман, оваа 150 метарска јахта ќе му овозможи на сопственикот и неговите гости да имаат неверојатен поглед на околината каде и да одат.

Подигнатата кабина вклучува тераса од 350 метри квадратни и се наоѓа на висина од 40 метри над водата, овозможувајќи му на сопственикот екстремно чувство на моќ, со погледите кои досега не се видени на ниту една друга суперјахта.

Дизајнерот Габриел Теруци, кој проба да воведе нови гледишта при дизајнирањето на овој концепт, вели дека главната кабина, заедно со инфинити базенот и барот, ќе бидат совршеното место за да се гледа зајдисонцето.





