ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 лажици желатин
6 јајца
160 милилитри еспресо кафе
1 ванилин шеќер
400 милилитри слатка павлака
250 грама шеќер во прав
200 грама малини, капини или јагоди
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Натопете го желатинот. Раздвојте ги белките од жолчките. На пареа изматете ги жолчките, еспресото ванилиниот шеќер и 200 грама шеќер во прав. При крајот на матењето додадете го желатинот и оставете кремот да се олади. За тоа време изматете ја слатката павлака и измешајте ја со оладениот крем.
Изматете ги белките и 50 грама шеќер во прав и доадете ги на кремот.
Мусот ставете го во садови по Ваша желба и истите оставете ги во фрижидер околу 3 часа пред сервирањето. Украсете со малини или друг вид на јагодести овошја.
Уживајте во вкусот !!!
