Мојата кујна

Направете вкусен бурек со месо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 гр. брашно

260 мл. вода

15 гр. сол

1 лажица зејтин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Најпрво за филот ни се потребни 2-3 лажици зејтин 1 главица кромид исечен ситно 500 гр. јагнешко, пола лажичка сол, пола лажичка мелен бибер, 120 мл. масло

Тестото се меси, а потоа се обликуваат 8 топчиња, секое да биде по 100 грама.

Во сад се ставаат 120 мл. масло и во него се ставаат топчињата кои треба да отстојат од 30 минути до 1 час.

Во 1-2 лажици зејтин го пржиме кромидот додека да стане стакленикав, потоа го додаваме меленото месо, промешаме, додаваме сол и бибер и го пржиме се додека не добие боја.

Потоа го тргаме од оган и го оставаме да се олади.

Топчињата тесто најпрво ги месиме со раце, а потоа со сукало до посакуваната големина, препорачливо е колку потенко – толку подобро.

Потоа, тестото го филуваме со месото и роламе, па така подготвениот бурек го ставаме во добро подмачкана тепсија.

Секој бурек се премачкува, а потоа го ставаме во рерна претходно загреана на 190 – 200 степени и се пече 30 минути се додека не зарумени.

 

 

Write A Comment