Sweet Home

Луксузен дом на Ибица

Гледајќи ги домовите како што е “Blanco de Ibiza”, првото нешто што прелетува низ умот на луѓето е тоа дека нејзините архитекти точно знаеле како да создадат живеалиште достојно за луксузен и хармоничен живот.

Куќата е изградена пред повеќе од 30 години, а неодамна беше модернизирана од страна на архитектот Малалес Мартинез Канут, кој се потрудил таа да ја задржи својата уникатност, истовремено акцентирајќи два различни архитектонски стилови – Медитеранскиот и Шпанскиот.

“Blanco de Ibiza”, како што и самото име кажува, претставува фасцинантна бела “палата” со допир на Медитеранот и дрвени детали од Бали.

Прекрасната природа, во комбинација со природните материјали користени при изградбата како трска, памук и пастелните бои како зелената и сината, го прават овој имот совршен за релаксација и душевен мир.

Со незаборавниот поглед кон Медитеранското море, “Blanco de Ibiza” го пленува секој посетител , а познатиот Медитерански ветер го дополнува ефектот на мир и хармонија во прекрасната куќа каде што автентичното се спојува со модерното, создавајќи уникатен и неповторлив стил.

 

Write A Comment