- малку сол
- 2 пиперки
- 200 милилитри пилешка супа
- 1 парче младо кромитче
- 300 грама кускус
- 200 грама гауда кашкавал
- 100 грама хопла (без шеќер)
- малку црвен пипер
- малку црн бибер
Подготовка:
Исецкајте ги пиперките на мали коцкички. Исецкајте го и младото кромидче на ситни кругчиња. Во тава за пржење на средна јачина ставете малку путер и ставете го кускусот да се пропржи пред да ја додадете течноста или пилешката супа.
Зголемете ја температурата да проврие и кога ќе дојде до вриење малку намалете ја температурата и оставете да се вари некој 6-7 минути. Мешајте повремено со цел да не загори кускусот и пред крајот може да го засилите оганот на средна јачина и да додадете од сецканите црвени пиперки и солена хопла. Промешајте убаво. Ставете малку црвен пипер и оставете да се готви со повремено промешување.
Ставете го и кашкавалот и мешајте додека кашкавалот не се растопи.
Додадете ги и ситно сецканите перца од младиот кромид и по потреба дозачинете со сол.
