Детето со самодоверба е отворено, радознало, оптимистично, сигурно во себе. Се вклопува лесно во друштво со врсниците, лесно склопува нови пријателства, не се плаши да ги покаже своите слабости, расте со оптимизам и сигурност во себе и својата околина. Всушност, баш таквото дете е желба и целта при одгледувањето на многу родители.
Кога децата се чувствуваат задоволни со самите себе, само небото им е граница! Активностите во кои се успешни како и учењето на вистинските вредности од родителите им ја засилуваат самодовербата. Детето со самодоверба е отворено, радознало, оптимистично, сигурно во себе. Се вклопува лесно во друштво со врсниците, лесно склопува нови пријателства, не се плаши да ги покаже своите слабости, расте со оптимизам и сигурност во себе и својата околина. Всушност, баш таквото дете е желба и целта при одгледувањето на многу родители. Од друга страна, децата со ниска самодоверба конфликтите често ги доживуваат како извори на фрустрации и тешкотии.
Самодовербата расте и се развива заедно со детето. Најчесто, најмногу се менува поради тоа што зависи од новите искуства и ново стекнатите перцепции на детето.
Внимавајте што зборувате. Децата се многу чувствителни на зборовите од своите родители. Запомнете да го пофалите детето не само за добро и успешно извршена задача, туку и за трудот кој го вложил во извршувањето на таа задача. Но, притоа не преувеличувајте и не говорете невистини. Доколку децата се вознемирени, родителите сакаат подобро да се чувствуваат, па ги опсипуваат со пофалби, но на тој начин не се решава проблемот.
Бидете позитивни кон детето. Доколку сте самокритични, песимистични, или нереалистични кон своите способности и можности, постои голема можност дека вашето дете ќе ве копира, односно, ќе развива систем на самодоверба и ќе се однесува во склад со она што го научило набљудувајќи и слушајќи ве. Негувајте ја сопствената самодоверба, бидејќи на тој начин детето ќе добие позитивен пример.
Комуникацијата измеѓу родителите и децата, како и родителската поддршка, им помагаат на децата од најмала возраст да развиваат самодоверба.
Доколку детето види дека родителите го ценат трудот,ќе се труди повеќе, но ако децата видат дека родителите го ценат само конечниот резултат, тоа ќе ги демотивира.
Бидејќи секое дете има афинитети кон нешто и таленти, пронајдете го она што ќе го извлече максимумот и најдоброто од него, а тоа позитивно ќе влијае на неговата самодоверба.
Кога ќе влезат рано во пубертет, децата ги гледаат промените во полошо светло отколку што реално се. Доколку поради тоа се чувствуваат чудно, разговарајте со нив околу тоа. Важно е даим ги разрешите сите недоумици и да им помогнете да сфатат дека не се сами и дека сите тие промени се нормални.
Доколку детето е срамежливо и не знае да им пријде на други деца, родителите можат да му помогнат, доколку малку го „бутнат“, но не премногу.
Децата кои не се чувствуваат сигурни во своето семејство или се жртви на малтретирање, ќе патат од ниска самодоверба. Детето кое е сведок на чести кавги помеѓу родителите може да стане повлечено и депресивно. Никогаш не заборавајте да го почитувате своето дете.
