Art & Crafts

Природни мелеми кои ќе го забрзаат растот на вашите веѓи

Ви претставуваме неколку природни мелеми кои го поттикнуваат растот на веѓите и кои е потребно да ги нанесувате некое време, заради брзи и добри резултати. Еве за што се работи.

Рицинусово масло: Нанесувајте го два пати неделно, пред спиење, така што со него ќе ги измасирате веѓите. Рицинусовото масло ќе го нахрани самиот корен на влакненцата и ќе го забрза растот.

Маслиново масло: Секојдневно мачкајте ги вашите веѓи со маслиново масло. Тие не само што побргу ќе пораснат, туку ќе станат и многу густи.

Кокосово масло: Со него можете да ја масирате и косата и веѓите. Гелот од Алое вера: Ќе направи веѓите да станат густи, а кожата под нив мека.

Етерични масла: Измешајте еднакви количини на масло од лаванда, рузмарин, мајчина душица, лимон и маслиново масло и истријте ги веѓите со оваа смеса секоја вечер пред да одите на спиење. Истата смеса може да направи чуда и за раст на косата.

Write A Comment