Мојата кујна

Овошна торта со јогурт

Состојки:

4 јајца

8 лажици шеќер

8 лажици брашно

пола кесичка прашок за пециво

50мл масло

4 праски

десетина вишни

кесичка желатин

2 кесички шлаг

200гр шеќер во прав

кесичка ванилин шеќер

400мл јогурт

Подготовка:

Пенасто изматете ги жочките со жеќерот. Смесата ставете ја со изматените белки, па ставете брашно изменшано со прашок за пециво и масло. Тестото потоа ставете го во калапи печете 25 минути на 180 степени. Желатинот оставете го да стои во вода за да набубри. Шлагот изматете го со шеќерот во прав, ванилин шеќер и јогурт. На крајот измешајте го желатинот и целата мешавина прелијте ја на изладената кора. Излупете ги праските и преполовете ги, па заедно со вишните без коски кратко проварете ги во малју вода со шеќер. Праските и вишните распоредете ги по тортата и ставете го десртот во фрижидер за добро да се излади.

 

Write A Comment