Мојата кујна

Чоколаден колач без брашно и без печење готов за 10 минути

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

путер за да го премачкате плехот
225 г. темна чоколада
225 г. слатка пaвлака
¼ лажичка сол
какао

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Подмачкајте го плехот со малку путер, а потоа прекријте го со хартија за готвење, така што ќе ги премине рабовите. Растопете го чоколадото на пареа. Во друг сад со средна големина загрејте ја слатката павлака. Кога добро ќе се загрее (ќе биде жешка на допир), додадете и сол. Промешајте.

Додадете ја и чоколадата и со лесни потези мешајте додека состојките потполно не се соединат. Смесата префрлете ја во подготвениот плех, прекријте ја со пластична фолија и оставете во фрижидер да се зацврсти. Откако ќе биде оладен колачот во целост, наросете малку какао врз него. Оставете да отстои на собна температура 10-на минути, пресечете и послужете.

Write A Comment