Познато е дека материјалистите премногу ги ценат парите и дека таквите луѓе во брак, едноставно губат контрола, што доведува до чести кавги, препирки па и развод. Тоа најчесто се случува поради слабата фокусираност кон брачниот партнер.
Нематеријалистите, од друга страна, ја ценат врската. Браковите во кои на ниеден од сопружниците, парите не им се важни, се поуспешни за 10% – 15%, за разлика од оние кај кои и двајцата сопружници се зависни од материјални работи. Штом само еден од сопружниците е таков, бракот послабо ќе функционира, покажува истражувањето на Универзитетот Brigham Young.
Професор кој работел на ова истражвуање, потврдува дека паровите кои премногу ги ценат парите, помалку се фокусирани на нивниот партнер. Тие бараат среќа во ствари, не во луѓе. Врска каде ниеден од сопружниците не е материјалист, може полесно да ги надмине финансиските проблеми бидејќи во таквиот однос доминираат темелните вредности како што се фамилијата и помошта на оние на кои вистински им е потребна.
