Кога мајките ќе дознаат дека носат женско бебе, си помислуваат дека и тие самите бие некогаш мали девојчиња и отприлика знаат што да очекуваат. Но, не е баш така, вашите мали принцези имаат по некое изненадување за вас.
Ќе ви ги позајмува штиклите и накитот
Нема да ѝ треба многу време, штом ќе прооди веднаш ќе се фати за шминките, накитот и штиклите. А како да не ѝ ги дадете кога е толку слатка.

Сè ќе започне многу рано
Девојчињата созреваат побрзо од момчињата. Таа можеби веќе ќе трча додека момче на иста возраст со неа ќе се мачи да лази. Така е за сè во понатамошниот нејзин раст, сè ќе совладува многу брзо.
Навикнете се на драма
Уф, не можете ни да замислите какви тешки драми ќе се прават од навидум банални работи. Таа сака пола кришка леб, вие сте исекле цела, сака Барбика со плава долга коса, вие не сте и ја дале таа, сака ништо да не и стрчи на косата, а има едно мало микроскопско рокче. Земете длабоко воздух и подгответе се за она што ве очекува. Ваквите работи ним навистина им се важни.
Многу рано ќе пројават желба сами да си ја одбираат гардеробата
Некогаш имаат генијални идеи, а некогаш уште погенијални. Некогаш ќе сака слатки панталони и џемперче, а некогаш блуза, џемпер и купачи одозгора. Не им замерувајте тоа е нивната „бушава“ фантазија.

Ќе собира секакви ситници
Малите црни шнолички, налепници, хартивчиња, капачиња… сè ќе си чува, малку хаотично, но ќе ги чува.
Проблеми околу косата
Вам едно ви се допаѓа, неа друго, ја кубете , не сака да се чешла. Вие треба да и ставите на знаење дека чиста и уредна коса е најважно, а не дали е во плетенка или пунџа.

Таа ќе ви биде мерило на убавина
Со неа ќе ги споредувате сите. Ова никогаш нема да го признаете на глас, но така ќе е. Сите деца се убави, но вашата ќерка е ваша и таа единствена принцеза за вас.

Таа е роден манипулатор
Ќе може да ве прелаже додека трепнете. Секако детски, слатки лаги, но тоа укажува дека е паметна.
