Паради сите отровни материи кои ги имаат детергентите кои може да ги најдеме во продажба, многумина сигурно би го користеле ова алтернативното сретство за перење алишта. Во продолжение ќе видите што ви е потребно и како истото да го направите.
Потребни ви се:
- органски сапун
- 3 филџани сода бикарбона
- 20 капки етерично масло по желба
Подготовка:
Природниот органски сапун изрендајте го во чинија и додадете сода бикарбона. Промешајте и додадете етерично масло, повторно добро промешајте и ставете го во стаклен сад. Природниот прашок за алишта има многу предност во однос на куповниот, неговата изработка е брза, едноставна и евтина. Со додавање на етеричното масло овој детергент ќе добие мирис каков што сакате. Корисен е за лица со алергии, бидејки постои многу мала можност за развој на алергија. И што е најважно не ја загадува околината!
