Оваа диета го има компирот како главна состојка, но исто така вклучува и нискомаслен јогурт, па доколку ги следите упатствата, можете да загубите од 3-5 килограми за само три дена.
Скробот кој го содржи компирот, со млечните киселини од нискомаслениот јогурт, му обезбедуваат на телото доволен дневен внес на калории. Скробот, кога е во комбинација со вода, дава чувство на ситост и без голем внес на храна. Оваа диета се држи само три дена, а може да се повтори максимум два пати последователно.
Ден 1
Појадок: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт
Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт
Вечера: 2 чаши јогурт
Ден 2
Појадок: една чаша јогурт
Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт
Вечера: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт
Ден 3
Појадок: еден варен компир без сол
Ручек: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт
Вечера: една чаша јогурт
Важна напомена која треба да ја имате на ум: немојте да го замените варениот компир со пржен. Варениот компир се смета за многу здрава намирница, а пржениот компир е нездрав и поттикнува наталожување на килограмите. Варениот компир содржи полно витамини и минерали и влакна кои ги забрзуваат варењето.
Во 100 грама компир има само 75 калории, што е помалку од чаша цеден сок од портокали. Јогуртот ја регулира работата на системот за варење, го отстранува вишокот вода и токсините од телото.
