Мал стан со максимално искористен простор во Нордиски стил. Овој ентериер претставува совршен пример за максимално искористување на мала површина.
Осветлувањето и квадратурата се ефикасно искористени со што се добива илузија на пространост.
При процесот на проектирање главен акцент е даден на визуелното зголемување на просторот, за тоа придонесуваат користење на белата боја како основа но и мебел кој опслужува повеќе од една функција.
Внимателно одбрани светли неутрални бои, едноставно дизајнираниот мебел, внимателно одбран асортиман на декоративни елементи, како и современиот акценти креираат простор кој е пријатен за живеење.
Светло дрвениот под како и останатите акценти од дрво поставени се со функција да ја разбијат стерилноста на белата боја како и да придонесе во креирање на топла атмосфера за живеење.








