Летото веќе е во тек, а тоа е периодот кога ригите се најактуелни. Редовно ги гледаме на модните писти и на црвениот тепих, а присутни се и низ нашите омилени бутици.
Актуелни и пред 100 години, и ден денес, ригите се совршени и за девојките кои ја следат модата, и за оние кои преферираат класични парчиња. Навидум едноставни, тие доаѓаат во различни бои и со различна дебелина на линиите, па комбинациите се бесконечни.
Инспирирајте се од следниве комбинации и бидете тренд и ова лето…










