Кокосовата вода е здрава, бидејќи не содржи масти и е освежителен пијалок кој го хидрира организмот. Покрај тоа што е одличен пијалок за вашето здравје, кокосовата вода ја подмладува кожата. Пиењето на кокосовата вода е корисно за време на бременоста бидејќи влијае врз здравјето на мајката и на бебето. Еве неколку причини зошто е корисно да ја пијат бремените жени.
Ја подобрува работата на бубрезите
Кокосовата вода делува диуретично со што го забрзува излачувањето на урината, бидејќи содржи магнезиум, калиум и минерали. Ова е важно за бременоста, бидејќи го одржува мочниот канал чист. Со ова се подобрува здравјето на бубрезите и се спречува појавата на камен во бубрег, се спречуваат инфекциите на мочниот канал и на бубрегот.
Обезбедува електролити
Кокосовата вода го снабдува организмот со електролити кои му се потребни за хидрација за време на утринските мачнини. Овие електролити се губат преку повраќање, напорно вежбање и дијареја.
Спречува дехидрирање и исцрпеност
Нормално е во текот на бременоста жената да се чувствува дехидрирано и исцрпено, затоа кокосовата вода е одлична за повеќе енергија, бидејќи е освежителна и полна со електролити. Соодветната хидратација ја зголемува еластичноста на кожата и спречува појава на стрии кои може да се јават во текот на бременоста.

Спречува жиговина и запек
Пиењето кокосова вода го подобрува варењето на храната, го зајакнува дигестивниот систем и со тоа спречува запек. Исто така, ја регулира pH вредноста, со што се подобрува метаболизмот и се прави детоксикација на организмот. Како природен неутрализатор на киселини, спречува појава на жиговина, односно киселини предизвикани од стомачните киселини.
Спречува инфекции
Полна е со витамини, антиоксиданси и минерали кои го подобруваат имунолошкиот систем и ги штитат мајката и бебето од болести. Кокосовата вода е полна со лауринска киселина, која произведува киселини кои спречуваат болести, инфекции и бактерии да го нападнат организмот.
Добра е за срцето
Поради количеството на калиум и магнезиум, се регулира крвниот притисок. Калиумот исто така го балансира нивото на натриум во крвта и му помага на организмот подобро да функционира.
Кокосовата вода можете да ја пиете чиста или мешана со други пијалоци, не постои правило за тоа како треба да се пие. Таа е доста корисна за здравјето, но неколку работи треба да ги имате на ум:
- Не пијте кокосова вода доколку не ви се допаѓа вкусот и предизвикува негативни реакции
- Внимавајте водата да биде од свеж кокос и пијте ја во чиста чаша или со цевка
- Најдобро е водата да биде од свеж и зелен кокос
