Cafe Del Mar

Диета со ориз

Покрај името, оваа диета не е само со ориз. Постои од 1939 година, и доби нов бран на популарност во 2006 година кога беше објавена книгата “Rice Diet Solution”. Килограмите ќе ги намалите со внесување на помалку калории, натриум, масти, шеќери и протеини, според планот, кој исто така вели и дека „ќе го прочистите телото“, без да бидете гладни. 

post cover photo

Колку килограми ќе изгубите? Бројката може да варира од човек до човек, но според книгата во просек жените би изгубиле околу 10 килограми во првиот месец, а мажите околу 15 килограми.

Но не е се во диетата. Планот исто така препорачува вежбање, водење на дневник, и медитација која ќе ви помогне да постигнете баланс и да го менаџирате стресот. Ако не можете да постигнете медитативна состојба и едноставни јога вежби можат да ви помогнат. Книгата вели „тоа е физичка, емотивна и духовна програма која ќе ви помогне да го смените начинот на живот“.

Што смеете, а што не смеете да јадете

Планот е доста рестриктивен. Вклучува свеж зеленук и овошје, цели зрна, црвен или кафен грав, и други растителни протеини, како леќа.

Секојдневно, порциите треба да содржат скроб, немасни млечни производи, овошје и зеленчук.

Диетата има три фази, а првата дозволува 800 калории на ден. Бројот на калории постепено се зголемува до 1200 на ден. Алкохолот е строго забранет.

Ниво на вложен труд: Високо 

Кога ќе почнете со диетата ќе ги намалите калориите, солта, мастите и шеќерот – се оддеднаш. Оваа диета е добар старт за лицата кои добиваат болнички третман за дијабетис или хипертензија. Ако сте на режим на исхрана кој вклучува 1200 калории или помалку, потребно е вашата состојба да ја следи медицинско лице.

Ограничувања: Сите хранливи групи се вклучени, но големината на порциите е намалена. Храната богата со влакна, како овошје, зеленчук, грав и цели зрна, треба да ве одржува сити.

Планот на исхрана сепак не содржи доволно калциум и витамин Д, па добро идеја е да земате суплементи. Исто така планот овозможува многу помалку протеини од препорачаните за здрави лица. Ако имате некаков здравствен проблем, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете со диетата.

За време на целото времетраење на диетата се препорачува вежбање. Воедно, препорачливо е да се информирате во врска со хранливите состојки кои ги внесувате, со цел да креирате избалансирано мени.

Дали подржува одредени режими на исхрана?

Вегетаријанска и веганска исхрана: Ориз диетата се одлична за вас, бидејќи зрнескиот зеленчук е прифатлив извор на растителни протеини. Ако сте веган можете да ги замените млечните продукти со производи на база на соја.

Без глутеннска диета: Кафениот ориз не со содржи глутен, па ќе бидете во ред. Но глутенот може да се најде во многу други продукти, па ако сте на безглутенска исхрана потребно е да ги проверувате состојките.

Диета со намалено количесто на сол: Добар избор, бидејќи планот вклучува малку натриум.

Диета со намалено количество на масти: Планот содржи малку масти, бидејќи сите млечни производи се со ниска масленост или целосно обезмастени, а протеините се од растително потекло.

Што друго треба да знаете

Ориз диетата е одличен начин за да почнете да третирате дијабетис или хипертензија. Ограничените количини на сол можат да ви помогнат да го намалите крвниот притисок, а ниското количество на масти ќе ви помогне да го намалите холестеролот.

Став на нутриционистите

Дали функционира?

Оваа диета со 1200 калории на ден и цели зрна вклучува вежбање, трикови за намалување на стресот, и совети за водење на поздрав начин на живот, кои можат да ви помогнат да ги намалите килограмите.

Но следењето на нефлексибилен план на исхрана, со мал број на калории може да биде доста тешко. Вистински предизвик претставува да се држите до планот ако сте излезени на некој социјален настан или јадете надвор. Воедно, има потенцијал за неухранетост.

Ограничувањето на протеините на половина од препорачаното може да доведе до губење на мускулната маса и нема да ви помогне да се чувствувате сити.

Иако планот тврди дека ќе го детоксицира вашето тело, не постојат вистински докази дека детокс диетите навистина ги отстрануваат токсините од телото.

Дали е добра за одредени здравствени состојби?

Планот содржи мал број на калории, протеини, масти и натриум, и може да има придобивки за сите со срцеви болести, висок крвен притисок, висок холестерол и Тип 2 дијабетис.

Пред да почнете се диетата задолжително консултирајте се вашиот доктор.

За крај…

Следењето на Ориз диетата дефинитивно ќе резултира со губење на килограмите, поради малку калории, ако се придржувате до планот, но можете јадењето може да не ви претставува задоволство, со оглед на сите ограничувања и стриктни правила.

Оваа диета е добра за да направите промена кон поздрави навики на исхрана, но дефинитивно е премногу строга за да можете долгорочно да ја практикувате. Строгите диети во пракса се најдобри за краткорочни резултати.

Ако имате медицински проблем или потреба брзо да изгубите килограми од здрвствени причини, овој план може да функционира за вас, со согласност од вашиот доктор.

Не заборавајте да земате суплементи на калциум и витамин Д за да ги исполните хранливите недостатоци.

Write A Comment