Во огромниот избор од венчаници од илјадници дизајнери во светот, овој фустан се издвојува како екстра популарен.
Фустанот „Hollie“ од брендот Grace Loves Lace е изборот на многу идни невести. Креацијата во бохо стил им го фати окото на 2,5 милиони кориснички на Pinterest.
Австралискиот бренд објави дека неделно има по околу 500 заинтересирани дами конкретно за овој модел. Моментално целиот асортиман е распродаден.









