Потребни состојки:
- 100г. рикота
- неколку кришки леб (во зависност од тоа за колку луѓе готвите)
- 70г. путер
- сол и бибер
- исецкани листови свеж босилек
- 100г. сецкана моцарела
- свежи чери домати
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги зачините (сол, бибер и босилек) со рикотата за да го добиете намазот.
Ставете моцарела на кришките леб, а потоа додадете ги сецканите чери домати. На другите парчиња намачкајте дебел слој од намазот со рикота. Во тава растопете го путерот, а пред тоа преклопете ги кришките леб.
На тивок оган почнете да ги прижите своите сендвичи. Пржете додека не добијат крцкава кора.
