Дегустирајте го популарниот медитерански рецепт тиквички со пармезан кој се подготвува брзо и едноставно.
Намирници (за 4 лица) – 4 свежи тиквички исечкани на коцки, путер, сол и црн пипер, 1 лажица маслиново масло, 6 лажици изрендан пармезан, 1 филџан доматен сос.
Подготовка
Тиквичките измијте ги и заедно со кората исечкајте ги на коцки со големина од 1 – 1,5 см. На маслиново масло малку пропржете ги тиквичките, додадете малку путер (1 лажица), посолете и наросите црн пипер. Наредете ги во чинија за печење, додадете го врз нив доматниот сос, потоа и пармезанот и малку маслиново масло.
Печете во загреана рерна 5-7 минутки, колку да омекне пармезанот.
