Напоредо со популарните лековити својства на киселиот сок добиен од цедени лимони, не е во ред да се игнорира ни нивната жолта кора.
Лимонот е еден од најчестите цитруси кој изобилува со минерали и витамини важни за здравјето. Напоредо со популарните лековити својства на киселиот сок, не е во ред да се игнорира неговата жолта кора. Еве 7 придобивки од кората на лимонот:
1. За убавина
Ја омекнува сувата кожа на лактите
Изренданата кора од лимон измешајте ја со 1 лажичка сода бикарбона и додадете неколку капки сок од лимон. Измешајте ја смесата и по туширање, кога кожата е омекната, намачкајте ги лактите или сувите стапала, па исплакнете.

Главна состојка за пилинг на телото
Половина филџан шеќер измешајте со изрендана кора од лимон, додадете 1/8 филџан маслиново масло и природната смеса за пилинг на телото е готова. Пилингот користете го на влажна кожа, трлајќи во кружни движења по целата површина на телото, а потоа, откако ќе го поминете добро целото тело, исплакнете се под млаз топла вода.
2. За здравје
Го намалува холестеролот и има детоксикациски ефект врз телото
Koратa на домашниот непрскан лимон е извор на антиоксиданси, поточно нејзината бела опна или жолтата кожичка која го опкружува плодот. Таа е богата со флавоноиди, кои го нормализираат нивото на холестерол, а многу се ефикасни и како природни чистачи на организмот. Изрендајте ја кората од лимон и прелијте ја со вода, оставете да отстои неколку минути, а потоа процедете ја. Во течноста исцедете малку сок од лимон и пијте ја наутро на празен стомак.
За зајакнување на имунитетот
Кората од лимон содржи двојно повеќе витамини од самите кришки. Токму затоа, кората од лимон никогаш не фрлајте ја, туку замрзнете ја и користете ја изрендана како зачин во јадењата, како додаток на лимонада или на друг природен сок.
3. За домаќинство
Средство за дезинфекција на кујнски површини
Кората од лимон има антибактериски својства што ја прави идеална за дезинфекција на кујнските помагала. Се препорачува за чистење на кујнската даска за сечење за која обично не се препорачува користење на агресивни хемиски средства. Даската е потребно да се прелие со извриена вода и потоа површината да се истрие со половина лимон.
Природни средства за чистење микробранови печки
Наполнете керамички сад со вода до половина, додадете исецкана кора од лимон. Ставете го садот во микробрановата печка на највисока температура околу 3 минути за смесата да зовре. Нејзината пареа ќе ги исчисти тврдокорните дамки на микробранова и ќе ги неутрализираат непријатните миризби.
Го отстранува бигорот
Садот во кој варите вода што е полн со бигор, како и површината на садоперот, ќе ги исчистите со препарат од лимонова кора. Во тенџерече ставете 3 дл вода и додадете кора од лимон, 2 лажици сода бикарбона и 1 лажица јаболков оцет.
Штом ќе зоврие, тенџерето тргнете го од огнот и исцедете ја течноста. Оваа течност ставете ја во сад кој има бигор или прелијте врз површини покриени со бигор. Оставете да делува 10 минути и исплакнете со ладна вода.
