Добро познатиот моден бренд Paul Smith ја освои машката публика со својата едноставност, но и необичност. Она што е карактеристично за оваа колекција е токму необичноста. Она што оваа колекција го нуди го нема во ниту една друга колкеција за мажи.
Интересни и несекојдневни комбинации, модели и кроеви кои се нетипични за било кој друг моден дизајнер.
Она што може да го забележите се тесни ногавици на панталоните кои се покуси од вообичаено во комбинација со плетени, долги и широки џемпери, комбинација од различни модели и бои на палта и панталони… Оригиналноста е по се изгледа главната одлика за оваа колекција.










