Мојата кујна

Печени стапчиња од палента

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 л млеко

* 250 мл вода

* 30 г путер

* 300 г палента

* 50 г рендан пармезан

* 2 лажици сол

* 2 лажици маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во голем сад за варење ставете млеко, путер и една шолја вода. Постепено додавајте пченкарно брашно. Намалете ја топлината и со постојано мешање гответе додека палентата не стане густа . Не повеќе од 10 тина минути. Тргнете го тенџерето од оган.

Откако малку ќе се олади додадете пармезан и сол. Плехот обложете го со хартија за печење. Истурете ја палентата по целата површина на плехот. Обложете го плехот со фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час за палентата добро се цврсти.

Загрејте ја рерната на 250 степени. По должина исечете парченца во форма на стапчиња. Одозгора ставете уште малку сол и маслиново масло. Печете околу 20 минути додека стапчињата не добијат златна боја.

Во меѓувреме направете сосче. Ви требаат три лажици мајонез и половина зелен лимон. Изцедете го лимонот и добро промешајте го со мајонезот. Ќе добиете одлично макалце кое совршено одговара со палента стапчињата.

Write A Comment