Ако сакате да бидете во тренд задолжително посветете им внимание на аксесоарите кои ќе бидат ИН оваа есен.
Корсет на фустан, кошула или маица е нешто што морате да го пробате барем еднаш.
Дали ќе се одлучите за контрастни или слични нијанси зависи од тоа колку сте храбра.

Освен корсет, важен детаљ е и широкиот ремен.
Тој не само што ќе направи вашиот струк да изгледа визуелно потенок туку секоја комбинација ќе ја направи поинтересна.

Ременот но и корсетот можете да ги носите на широки или тесни парчиња.
Корсетот и ременот еднакви добро изгледаат со фармерки и со фустан, односно можете да ги носите и за дневни но и вечерни прилики.

Со овие детали на софистициран начин ќе ги истакнете струкот и градите, односно облините.
А облините никогаш не излегуваат од мода.

Што мислите вие за овој тренд?
