Дестинации

Кои се државите со најмалку туристи?

Гунар Гарфорс e норвешки бизнисмен и светски патник кој посетил 190 од 198 земји на светот. При неговите патувања, направил истражување, да открие кои се најмалку посетуваните земји во светот, од страна на туристи.

Во суштина земјите со најмалку туристи се или мали држави или со нестабилна ситуација. Затоа на листата од 10 најнепосетуваните држави се наоѓаат имиња како Сомалија, каде што владее незаконието, или пак Авганистан каде што сè уште ги има искрите на војната.

10-те најмалку посетувани држави во светот:

10. Авганистан – 17,500 туристи годишно

9. Коморос – 15,000 туристи годишно

8. Сао Томе и Принсипе – 8,000 туристи годишно

7. Туркменистан – 7,000 туристи годишно

6. Екваторијална Гвинеја – 6,000 туристи годишно

5. Маршалски Острови – 5,000 туристи годишно

4. Кирибати – 4,700 туристи годишно

3. Тувалу – 1,200 посетители годишно

2. Сомалија – 500 туристи годишно

1. Науру – 200 туристи годишно

Науру е всушност мала држава остров во Пацификот, со површина од само 21 километар квадратен, и има само 9,300 жители.

Write A Comment