Еве неколку практични совети од големите професионалци. Толку се едноставни и лесни за практикување, а навистина ќе ви помогнат.
Пред да почнете да ја нанесувате сенката за очи, под очите, во пределот на подочниците ставете дебел слој на пудра во прав. Така ситните парчиња од сенката кои ќе ви паднат при шминкањето нема да се залепат на лицето. Многу често се случува кога се шминкаме да паднат ситни парчиња од сенката, па кога ќе се обидеме да ги избиршеме тие се размачкуваат на пудрата. За да не дојде до ова практикувајте го овој совет.
Ставете маскара пред да ги залепите вештачките трепки, тоа ќе помогне тие правилно да се залепат.
Доколку сакате бојата на сенката за очи да биде поинтензивна тогаш четкичката за нанесување на сенка малку намокрете ја.
За убави трепки потрено е да ја чистите шминката и секогаш пред спиење да ги мачкате со вазелин.
За да не ви се мачкаат забите со кармин, кога ќе го нанесете карминот ставете го прстот во уста. Соберте ја устата и брзо извлечете го прстот. Карминот што се наоѓа на внатречната страна на устата која допира до забите ќе го избришете и нема да имате траги од карми на забите.
