Убавина

Еве како да нанесете маскара за да имате фатален поглед

Познатиот мејк ап артист Рики Вилсон, кој шминкал некои од најславните ликови на денешницата, тврди дека жените често грешат при нанесувањето на маскарата, ги држат очите отворени, а лицето блиску до огледалото.

“Ликот кој гледа кон огледалото е одличнa прилика за нанесување руменило или кармин, но маскарата бара посебен пристап”, изјавил Рики.

“Кога нанесувате маскара оддалечете се од огледалото малку и погледот задржете го на вашиот нос. Трепките на тој начин подобро ќе ги подвиткате, а резултатот ќе ви донесе спектакуларен изглед”, додал тој.

Ако обожавате трепките да ви дојдат до израз, тогаш Вилсон има уште еден едноставен, но успешен трик: При нанесувањето на маскара, четкичката поставете ја на самиот корен на трепките па направете лесни цик цак движења лево и десно.

Write A Comment