Освен невестинскиот фустан, за убавиот изглед на невестите е заслужна и нивната шминка. Доколку се двоумите за тоа каква шминка да изберете, никогаш нема да згрешите со изборот на природен изглед, нежна текстура на лицето и нежни тонови во розева или кајсија боја. Еве неколку совети за шминкање доколку се одлучите за природен изглед:
Лице: Изберете подлога која совршено одговара за вашиот тен и обврзно проверете ја нијансата на дневна светлина. Недостатоците и подочниците покријте ги со коректор кој ќе го нанесете од внатрешниот дел кон надворешниот дел на лицето. Лицето матирајте го со пудра во прав за да избегнете непотребен сјај и за да ја фиксирате структурата на пудрата. Образите нагласете ги со руменило во нежно розева или праска боја, а може да додадете и малку бронзер на челото и на линијата на долната вилица.
Очи: Веѓите треба да бидат со природен изглед, но убаво обликувани. Пополнете ги со моливче кое одговара на нивната боја. За сенки изберете неутрални земјени тонови, врз кои ќе нанесете малку посилна боја, како виолетова, сина или зелена. Светлата нијанса на сенките нанесете ја целите очни капаци и под веѓите. Потемните тонови скалесто нанесете ги врз очниот капак, а најтемната нијанса, обично црна, нанесете ја врз трепките во форма на шпиц. Доколку сакате да ставите повеќе акцент на вашите очи, употребете вештачки трепки.
Усни: Бидејќи свадбите најчесто траат цел ден, изберете водоотпорен кармин. Одберете розева или друга светла нијанса за моливчето со кое ќе го исцртате работ на усните. Потоа додадете кармин кој е за една или две нијанси потемен од моливчето, а потоа врз карминот додадете малку безбоен сјај за усни.
