Новости

Памела Андерсон: Зависноста од порно е „корозивна“ за семејството и новите генерации

Конзервативен есеј напишан од поранешниот Playboy модел и актерка Памела Андерсон, заедно со рабинот Шмуле Ботич, беше објавен во Wall Street Journal. Во есејот Андресон говори за опасности од зависноста од порно и потенцијалот да создава „бебиња-крек зависници од порно“.

Памела вели дека гледањето порно често влијае негативно на луѓето, браковите, семејствата и идните генерации. Според неа, оваа зависност од порно е „корозивна“ и влијае на способноста на следните генерации да формираат интимни врски.

Во есејот се зборува за тоа колку порното, директно и индиректно, има растурено бракови, семејства и кариери, дополнувајќи дека „порното е за губитници.“

Write A Comment