Дестинации

Кога патувате со децата…

Долгите семејни патувања со мали деца изгледаат како ноќна мора за родителите. Сепак има начин и овие моменти да ви бидат пријатни…

Немајте нереални очекувања – Престојот во тесен простор ако трае подолго им станува монотон на децата од било која возраст. Почнете со позитивен став. Ако вие гледате позитивно на времето поминато заедно со нив и тие ќе гледаат така на тоа.

Паузи – Планирајте си чести паузи за да ја разгледате природата, да се освежите со чаша сок, да ги размрдате по долгото седење. Објаснете им на помалите кога пристигнувате, со тоа што тие ќе ве разберат. Пр: ќе стигнеме кога големата стрелка ќе биде на седум, а малата на три.

Листа на активности – Реклами покрај патот, натписи на места, градови, имиња на хотели и ресторани, игри со букви и бројки…

Игри на погодување – Погодување вид животно или вид автомобил, може да биде забавно, истовремено стимулативно за детскиот развој. Понесете сликовници, списанија, детски книги, албуми со налепници, друштвени игри, ЦД-а.

Мапа – Покажете им каде сте, што има наоколу, кажете им што значат ситните ознаки на авто-картата.

Приказни – Раскажувајте им ги вашите и барајте од нив да ги раскажуваат нивните. Раскажувајте им за вашите патувања кога сте биле со вашите родители. Понесете им ги омиленото перниче и омилената играчка.

Идеи за разговор:

-На што прво се сеќаваш од твоето детство?

-Која е најсмешната/најтажната/најстрашната работа која ти се случила

-Да можеш, кој настан од твојот живот би го вратил/а назад?

-Кога би можел/а да јадеш што ќе посакаш, што би јадел/а за ручек?

-Која ти е омилена личност од семејството и зошто?

-Ако на лотарија добиеш милион денари што би направил/а со нив?

-Кажи по две карактеристики на секој од нас во автомобилот што ти се допаѓаат најмногу!

Write A Comment