Повеќето мали куќи кои можете да ги видите денеска се едни од најдетелно изработените домови и секој човек би сонувал да живее во нив. Но, оваа куќичка е најверојатно најубавата, најпрекрасната, најфантастичната и науникатната градба која сме ја виделе досега.
Хавиер Сеносијан е мексикански архитект кој практикува итнересен метод кој го нарекува „био-архитектура“ или Органска архитектура. Тоа значи дека тој ја користи идејата за градење базирана на органските форми со цел да ги врати луѓето на почетокот на нивното кутурно потекло и да создаде хармонија меѓу човекот и природата.
Тој оваа куќа ја изградил за мало семејство од Мексико Сити, чии членови живееле во конвенционален дом, но сакале повеќе да се спојат со природата, па затоа Сеносијан им создал палата на чудење и восхит.
Оваа куќичка е навистина една од ретките градби кои коегзистираат со природата околу нив. Желбата на Сеносијан била оваа градба да предизвика иста визија кај другите архитекти, па и тие да создаваат домови кои ќе бидат како едно со природата и да им дозволат на тие што живеат таму да се чувствуваат навистина удобно и пријатно.




