Мојата кујна

Највкусните макарони со сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 лажици магдонос ситно сецкан
* 350 гр. сирење рендано (предлог: моцарела)
* 1 л. млеко
* 50 гр. брашно
* 75 гр. путер
* 3 парчиња млад кромид ситно сецкан
* 2 парчиња лук истолчени
* 175 гр. сланина тенки ленти
* 375 гр. макарони
* 180 гр. лебни трошки
* 1 лажици маслиново масло
* 2 домати исецкани на тенки ленти

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Згответе ги макароните според инструкциите на пакувањето, изцедете ги и ставете ги во сад. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тава пржете ја сланината на средна температура околу 5 минути додека не стане крцкава. Додадете го лукот и младиот кромид и пржете околу 2 минути, додека не омекнат, па додадете ги на макароните.
Направете го бешамел сосот:
Стопете го путерот на средна температура. Додадете го брашното и гответе со постојано мешање 1-2 минути. Постепено додавајте го млекото и гответе со постојано мешање 8-10 минути. Додадете 1/3 од сирењето и магдоносот, помешајте и додадете ја смесата на макароните. Убаво промешајте и зачинете со сол и бибер по желба. Распоредете ги макароните во огноотпорен сад. Одозгора распоредете ги доматите. Посипете со лебните трошки и преостанатото сирење. Печете 30-35 минути.

Write A Comment