Доколку имате време и иницијатива за да бидете креативни, а не сте сигурни каде да ја усмерите вашата креативност, Даниела Јамандиловска – нашиот направи си со ќеиф мастер, има кул идеја: парче накит со кое ќе изгледате секогаш уникатни.

Еве како да ја направите вашата алка:
Материјали:

- Пластично шише
- Ножици
- Декоративен селотејп
- Запалка
Изработка:
Од најширокиот дел на шишето исечете едно парче како на фотографијата.

Потоа истото парче измерете го според дијаметарот на вашата рака. Доколку пластиката има остри ивици со пламенот од запалката во куси и брзи потези поминете низ нив за да се стопат и заоблат.

На крајот обвиткајте ја со декоративниот селотејп и со малку лепак спојте ги двата краја.

