Мојата кујна

Без печење: Торта од чоколадни крем банани готова за 15 минути

Состојки:

Пакетче “petit beurre” бисквити

25 чоколадни крем банани

200 мл кисела павлака

200 мл слатка павлака

200 гр шеќер во прав

Шлаг крем

Подготовка:

Во поголем сад со миксер изматете ги киселата и слатката павлака со шеќер во прав. Во смесата додадете бисквите искршени на поголеми парчиња, потоа и крем бананите искршени на помали парчиња па рачно измешајте. Смесата исипете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг крем. Ако е потребно може веднаш да се сервира, но би било најдобро пред сервирање да се олади во фрижидер.

Write A Comment