Иако здодевните мајки можеби воспитуваат поуспешни деца, една нова студија открива дека родителите кои игратат на картата на манипулација и вина кај нивните деца, ги тераат да станат поизбувливи кога ќе бидат возрасни.
Водечкиот истражувач Џејми Абеид со колегите од универзитетот Вермонт спровеле испитување од два дела кај 180 студенти од колеџ, кај кои било мерено нивото на потење кога биле соочени со болни настани од нивниот живот. Колку повеќе пот се произведува, толку е повознемирено лицето, што укажува на состојба од истражувачите окарактеризирана како „висока возбуда“.
При испитувањето било откриено дека учесниците со високо ниво на возбуда има поголема шанса да бидат агресивни и да избувнуваат на луѓето околу нив. Од друга страна, тие што се потеле помалку, и манифестирале „намалена возбуда“ и полесно останувале мирни. Абеид потоа со прашалник го определила точното ниво на контрола од родителите во животот на студентите и открила дека децата кои растат со родители кои помалку ги контролираат, помалку се возбудуваат.
– Треба многу да внимаваме на тоа колку влијаат родителите во животот на децата,- вели Абеид. – Се чини дека доброто родителско однесување ги штити. Доброто родителско однесување спречува да станат агресивни во односот со нивните врсници.
