Најпознатата холивудска двојка во светот, Анџелина Џоли и Бред Пит, се разведуваат, пишува TMZ, а пренесуваат светските медиуми.

Според TMZ, Анџелина поднела барање за развод, наведувајќи ја причината „непремостливи разлики“, а конкретната причина за разводот е различните начини на воспитување на децата.
Во барањето за развод, Џоли (41) побарала целосно старателство над нивните шест деца, со можност за посети од страна на Пит (51).

Познатиот пар наречен од медиумите Бранџелина, се заедно од 2004-тата година, а се венчаа во август 2014-та.
