Motherhood

Ја знаете формулата за да имате девојче ??? Откријте ја …

Идните мајки кои би сакале да имаат женско дете треба да јадат точно одредена храна и почесто да имаат секс, тврдат научниците од Мастрихтскиот Универзитет во Холандија. Во своето петгодишно истражување, заклучиле дека жените кои сакаат да имаат девојче би требало да избегнуваат банани, а наместо тоа во исхраната да внесуваат грав и тврдо сирење.

Вистинската формула за женско дете се крие во избегнувањето храна богата со натриум и калиум, односно земање повеќе храна со калциум и магнезиум. Храна богата со натриум и калиум се : маслинки, сланина, салама, чаден лосос, шкампи, компир, месна преработка, леб, колачи и слично.

Наместо тоа, додколку сакате да добиете девојче, треба да јадете тврдо сирење, јогурт, спањак, бадеми, брокули, портокали, конзервиран лосос, тофу. Магнезиум содржат и житарките, гравот и смоквите.

Освен тоа, жените кои сакаат да имаат девојче, треба почесто да практикуваат секс, но не во деновите непосредно пред, односно по овулацијата.

Научниците во студиите вклучиле 172 жени од Западна Европа на возраст помеѓу 23 и 42 години. Секоја од нив имала строг режим на исхрана. Повеќето жени се откажале, бидејќи не можеле да го издржат ваквиот распоред на храна и секс, а 21% од жените издржале до крај. Од 21 жена која успеале, 16 родиле девојчиња, што е успешност од 80%.

Интересно е да се истакне дека начинот на исхрана на таткото, како што тврдат научниците, нема врска со полот на детето.

Write A Comment